почетна страна
Posts
- Get link
- X
- Other Apps
„Бизнис во моето училиште“ „БИЗНИС ВО МОЕТО УЧИЛИШТЕ“ е едукативен проект за основци, во кој учениците создаваат и раководат фирма во текот на учебната година. Тие се организираат да прават занаетчиски производи кои ги продаваат еднаш или повеќе пати годишно во училиште, на локален пазар или на саем. Дополнително, по повод секоја мобилност во училиштата во земјите учеснички, создадовме „ЕРАЗМУС ЕВРОПСКИ ПАЗАР“ во кој учениците имаа можност да ги продаваат производите произведени од сите ученици во проектот. Собраните пари од продажбата беа донирани на невладината организација УНИЦЕФ, со што се зајакна духот на солидарноста. Линк до активностите ФИРМА ВО МОЕТО УЧИЛИШТЕ https://read.bookcreator.com/dFmu1twfprdfqm7ccfuhXj5A48l2/JhqWBm8OTcq1cFi4JQCWGw почетна страна
- Get link
- X
- Other Apps
Литванија од 9 до 13 мај 2022 - Прием во училиштето и посета на часовите. - Запознавање со литванскиот образовен систем. - Средба со деца и демонстрација на различни образовни простори. - Набљудување на часови поврзани со компјутерско размислување и роботика. - Сесии за практично учење на темата на конференцијата организирани на повеќе часови како и практични сесии со дигитални алатки достапни на училиште. - Конференција: „Компјутерско размислување и роботика во градинка“ - презентација на наставното искуство на наставниците - Едукација и екскурзија околу замокот Биржаи. - Практична демонстрација преку различни курсеви поврзани со дигитални содржини објаснети во текот на неделата - Презентација на книги создадени од децата и нивните родители со користење на ИКТ. - Презентација на маскотите или ликовите на партнерските училишта. - Презентација на Фејсбук страницата за дисеминација на проектот од Португалија. - Презентација на двата Етвининг проекти. - Детали за преостанатата
- Get link
- X
- Other Apps
ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ: Да ги развие кај учениците дигиталните вештини како и правилното користење на информатичките и комуникациските технологии во образованието (ИКТ). Да им овозможи на децата да се стекнат со критички став кој ќе им овозможи да ги вреднуваат информациите кои циркулираат на мрежите. Користење на ИКТ за базично учење. Стекнување на основни норми за безбедно користење на ИКТ и социјалните мрежи. Едукација на родителите за предностите и опасностите од екраните. Да им овозможи на учениците со посебни образовни потреби да ги користат дигиталните алатки за да ги надминат потешкотиите во учењето. Да го разбуди претприемачкиот дух за да се промовира тимско однесување и став преку проектот "Компанија во моето училиште". Да се користат најразлични апликации од мобилниот телефон за реализација на "краткометражни филмови" почетна страна
- Get link
- X
- Other Apps
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ Нашето партнерство од ЕРАЗМУС + КА229 програмата се сосотои од 6 европски држави (Шпанија, Република Северна Македонија, Португалија, Бугарија, Полска и Литванија) поврзани во овој амбициозен проект чија главна цел е да ги развие кај учениците дигиталните вештини како и употребата на компјутерската технологија и комуникацијата во учењето (ИКТ). Во последните децении нашето општество претрпе многубројни промени кои бараат различни пристапи во надградувањето на идните граѓани. Училиштето треба да ги подготви своите ученици да се соочат со едно посложено општество и пазар на работа кој поставува многу поголеми барања, под влијание на интернационалната конкуренција. Во рамките на европската референца (Европска Стратегија 2020) беше постигнат консензус кој се однесува на европскиот едукативен систем: нашите ученици на крајот од нивното школување треба да се стекнат со основни познавања за да можат да се развиваат во едно динамично општество и да изградат ветув
- Get link
- X
- Other Apps
Оценувањето на проектот беше реализирано преку видео средба за ученицте и прашалници за учениците и наставниците. Наставниците одговараа на почетокот, за време на проектот и на крајот од проектот на прашалници изготвени во GOOGLE FORM и покажаа задоволство од стекнатото знаење за користените апликации и програми за време на проектот. Учениците се здобија со корисни информации и совети како да се однесуваат на интернет и како правилно да ги користат социјалните мрежи. почетна страна