РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Нашето партнерство од ЕРАЗМУС + КА229 програмата се сосотои од 6 европски држави (Шпанија, Република Северна Македонија, Португалија, Бугарија, Полска и Литванија) поврзани во овој амбициозен проект чија главна цел е да ги развие кај учениците дигиталните вештини како и употребата на компјутерската технологија и комуникацијата  во учењето (ИКТ).  Во последните децении нашето општество претрпе многубројни промени кои бараат различни пристапи во надградувањето на идните граѓани. Училиштето треба да ги подготви своите ученици да се соочат со едно посложено општество и пазар на работа кој поставува многу поголеми барања, под влијание на  интернационалната конкуренција. Во рамките на европската референца (Европска Стратегија 2020) беше постигнат консензус кој се однесува на европскиот едукативен систем: нашите ученици на крајот од  нивното школување треба да се стекнат со основни познавања за да можат да се развиваат во едно динамично општество и да изградат ветувачка и демократска иднина; тоа се ОСНОВНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ. ДИГИТАЛНАТА вештина е една од осумте компетенции која исто така треба да биде и важен елемент од школувањето на еден ученик. Ако поголемиот дел од учениците денес  имаат пристап до компјутер, паметен телефон, таблет, видео игри, интернет, социјални мрежи…., важно е училиштето да има поучувачка улога. Во училиштето учениците треба да научат за важната  употреба на  информатичките компетенции под раководство на компетентен наставник. Поради оваа причина инклузијата на ИКТ во наставата е од голема важност, а воедно и начин да се претстави, да се засили и да се работи на едукативниот систем. Овој проект има намера да работи на различни едукативни материјали благодарение на соодветната употреба на ИКТ, запознавајќи ги учениците со дигиталната писменост и развивање на критички став кој ќе им овозможи да го вреднуваат огромниот број на информации кои циркулираат на социјалните мрежи. Ќе започнеме со воведување уште во основното образование, компјутерско размислување (РОБОТИКА) како вовед во дигиталните вештини, а во исто време, ќе им понудиме дигитални ресурси за работа по најразлични предмети (мајчин јазик, математика, природни науки, странски јазик, уметност….) кои ќе им бидат претставени на учениците  како што напредува проектот.

Во текот на првата година ќе биде реализирана една голема заедничка активност од страна на сите партнери за да се стави во употреба сето она што е научено во врска со дигиталните вештини: "Бизнис претпријатие во моето училиште". Оваа активност има за цел  ширење на претприемничката култура кај децата и будење на претприемничкиот дух кај нив. Креирањето на лого на фирмата, статутот, креирањето на електронска пошта како средство за комуникација помеѓу различните фирми на учениците партнери, рекламирањето, етикетирањето  и сметководство ќе се развиваат со употреба на дигиталните алатки научени од учениците. Изработените производи од учениците (со употреба на материјали кои се рециклираат, без пластика….) ќе бидат продавани на локалниот пазар во училиштето. Собраните парични средства ќе бидат донирани на невладината организација "АФТ Буркина".

Друга главна цел на нашиот проект е да придонесеме за правилна употреба на ИКТ. Честопати учениците се изложени на несоодветни содржини од интернет сајтовите. Поради ова треба  да се запрашаме за нивната способност за расудување во однос на употребата на дигиталните алатки. Родителите и наставниците имаат главна улога во едукацијата на децата во врска со ИКТ. Тие мораат да ги преземат неопходните мерки за да можат правилно да ги водат децата во нивниот образовен процес, а особено во користењето на ИКТ. Во текот на  двете години за спроведување на проектот, ние ќе воспоставиме основни норми за користење и сигурност во користењето на ИКТ и социјалните мрежи. Ќе создадеме водич за децата, нивните родители и наставниците кој ќе ги содржи стандардите за правилна употреба на ИКТ. Освен тоа и ќе ги информира учениците и нивните родители за ризиците на веб страниците,  а за таа цел ќе повикаме  стручни лица да одржат предавања на оваа тема. Друга голема активност која ќе биде реализирана од страна на сите партнери во текот на втората година и која ќе ги стави во функција сите научени дигитални вештини е: "Фестивал на краткометражен филм". Станува збор за фестивал на кратки филмови направени од учениците и родителите со нивните паметни телефони користејќи најразлични апликации од мобилниот телефон на тема: "Зачувување на животната средина". Овој настан ќе биде организиран во Шпанија кон крајот на втората година и по повод затварањето на проектот. Исто така треба да се земе предвид и интеграцијата на учениците со посебни образовни потреби. Употребата на дигиталната технологија ќе им овозможи на учениците со пречки во учењето да стекнат поголема автономија и да ги надминат потешкотиите во учењето.



почетна страна

Comments

Popular posts from this blog