НАШАТА МАСКОТА



Здраво на сите!

Јас сум мало мече, се викам Теди. Децата многу ме сакаат бидејќи сум нивен верен пријател. Ги знам сите тајни, сите приказни и сведок сум на среќните и тажните моменти.

Мечката симболизира моќ и сила. Таа може да импресионира, со својот раст и карактеристики и најчесто  се гледа како заштитник. Ја брани својата територија, но знае и да биде тивка кога не е загрозена.

Од жестоката мечка до плишаното животно, амбивалентната симболика на овој цицач се среќава низ целиот свет низ вековите.

Сите ние имавме Мече како дете. Мечето со генерации е омилена играчка на најмалите.

Сакаме да бидеме храбри и силни како мечка, но во исто време нежни и разбирливи како плишано мече, „мудар учител“ како поларна мечка и воедно добар пријател со сите.

Поради овие причини, мечката стана маскота на нашиот проект.


почетна страна

Comments

Popular posts from this blog