"Le développement de la compétance numérique et le bon usage des TICE"

"Развој на дигиталните вештини и нивна соодветна употреба" 

ООУ "Јосип Броз Тито" - Валандово





"Овој проект е финансиран од Европската Комисија. Оваа објава е одговорност на нејзиниот автор. Комисијата не е одговорна за употребата на објавените информации на овој сајт."



Резиме и цели на проектот

Нашето партнерство за  Erasmus+ KA229 се состои од 6 училишта од 6 европски држави (Шпанија, Северна Македонија, Португалија, Бугарија, Полска и Литванија) соединети во овој амбициозен проект чија главна цел е развој на дигиталните вештини кај учениците и добри практики за употреба на дигиталнита алатки во наставата.

Во последните децении нашето општество претрпе многубројни промени кои бараат различни пристапи во надградувањето на идните граѓани. Училиштето треба да ги подготви своите ученици да се соочат со едно посложено општество и пазар на работа кој поставува многу поголеми барања, под влијание на  интернационалната конкуренција. Во рамките на европската референца (Европска Стратегија 2020) беше постигнат консензус кој се однесува на европскиот едукативен систем: нашите ученици на крајот од  нивното школување треба да се стекнат со основни познавања за да можат да се развиваат во едно динамично општество и да изградат ветувачка и демократска иднина; тоа се ОСНОВНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ. 

ДИГИТАЛНАТА вештина е една од осумте компетенции која исто така треба да биде и важен елемент од школувањето на еден ученик. Ако поголемиот дел од учениците денес  имаат пристап до компјутер, паметен телефон, таблет, видео игри, интернет, социјални мрежи...., важно е училиштето да има поучувачка улога. Во училиштето учениците треба да научат за важната  употреба на  информатичките компетенции под раководство на компетентен наставник. Поради оваа причина инклузијата на ИКТ во наставата е од голема важност, а воедно и начин да се претстави, да се засили и да се работи на едукативниот систем. Овој проект има намера да работи на различни едукативни материјали благодарение на соодветната употреба на ИКТ, запознавајќи ги учениците со дигиталната писменост и развивање на критички став кој ќе им овозможи да го вреднуваат огромниот број на информации кои циркулираат на социјалните мрежи. Ќе започнеме со воведување уште во основното образование, Компјутерско Размислување (РОБОТИКА) како вовед во дигиталните вештини, а во исто време, ќе им понудиме дигитални ресурси за работа по најразлични предмети (мајчин јазик, математика, природни науки, странски јазик, уметност...) кои ќе им бидат претставени на учениците  како што напредува проектот.

Во текот на првата година ќе биде реализирана една голема заедничка активност од страна на сите партнери за да се стави во употреба сето она што е научено во врска со дигиталните вештини: "Бизнис претпријатие во моето училиште". Оваа активност има за цел  ширење на претприемничката култура кај децата и будење на претприемничкиот дух кај нив. Креирањето на лого на фирмата, статутот, креирањето на електронска пошта како средство за комуникација помеѓу различните фирми на учениците партнери, рекламирањето, етикетирањето  и сметководство ќе се развиваат со употреба на дигиталните алатки научени од учениците. Изработените производи од учениците (со употреба на материјали кои се рециклираат, без пластика....) ќе бидат продавани на локалниот пазар во училиштето. Собраните парични средства ќе бидат донирани на  невладината организација "АФТ Буркина".

Друга главна цел на нашиот проект е да придонесеме за правилна употреба на ИКТ. Честопати учениците се изложени на несоодветни содржини од интернет сајтовите. Поради ова треба  да се запрашаме за нивната способност за расудување во однос на употребата на дигиталните алатки. Родителите и наставниците имаат главна улога во едукацијата на децата во врска со ИКТ. Тие мораат да ги преземат неопходните мерки за да можат правилно да ги водат децата во нивниот образовен процес, а особено во користењето на ИКТ. Во текот на  двете години за спроведување на проектот, ние ќе воспоставиме основни норми за користење и сигурност во користењето на ИКТ и социјалните мрежи. Ќе создадеме водич за децата, нивните родители и наставниците кој ќе ги содржи стандардите за правилна употреба на ИКТ. Освен тоа и ќе ги информира учениците и нивните родители за ризиците на веб страниците,  а за таа цел ќе повикаме  стручни лица да одржат предавања на оваа тема. 

Друга голема активност која ќе биде реализирана од страна на сите партнери во текот на втората година и која ќе ги стави во функција сите научени дигитални вештини е: "Фестивал на краткометражен филм". Станува збор за фестивал на кратки филмови направени од учениците и родителите со нивните паметни телефони користејќи најразлични апликации од мобилниот телефон на тема: "Зачувување на животната средина". Овој настан ќе биде организиран во Шпанија кон крајот на втората година и по повод затварањето на проектот. Исто така треба да се земе предвид и интеграцијата на учениците со посебни образовни потреби. Употребата на дигиталната технологија ќе им овозможи на учениците со пречки во учењето да стекнат поголема автономија и да ги надминат потешкотиите при стекнување или автоматизација на учењето. 


РЕЗУЛТАТИ

МАТЕРИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ:

-        Изработка на експлицитни документи за родителите и учениците кои ќе содржат стандарди и совети за безбедност при  користење на ИКТ.

-                 Создавање на датотека која ќе ги содржи дигиталните ресурси за работа по различни предмети научени за време на проектот.

-           Создавање на датотека која ќе содржи соодветни ресурси наменети за учениците со посебни образовни потреби.

-            Создавање датотека што содржи "Компјутерско размислување" прилагодена за деца од градинка и основно училиште.

-           Креирање на портал за ресурси, информации и размена наменет за  олеснување на наставата и  учењето за наставниците, родителите и учениците.

-             Креирање и управување со училишна соработка од страна на највозрасните ученици во секое училиште.

-                   Креирање на експлицитни документи за проектот "Компанија во моето училиште" кои ќе ги објаснат искористените дигитални алатки за креирање на логото на компанијата, статутот, електронската пошта, реклама, сметководство...

-        Реализација на "Фестивал на краткометражен филм" – креирање на експлицитен документ за проектот  "Фестивал на краткометражен филм" објаснувајќи ги искористените дигитални ресурси.

-      Креирање на досие кое ги содржи ресурсите кои го олеснуваат пристапот до комуникација и информација за професорите, родителите и учениците.

-                 Креирање на лого и веб страна на проектот.

-               Креирање на блог за секое училиште.

-              Креирање на Facebook страна.

-              Ставање на проектот на платформата на eTwinning.

-    Креирање на е твининг проект паралелно со ЕРАЗМУС + проектот "Дигитална компетенција и развој на одржливост"

 

НЕМАТЕРИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ:

·       Стекнување на критички став кој ќе им овозможи на учениците да ги вреднуваат информациите кои кружат на интернет и ќе им овозможи правилно да ги користат ИКТ.

·       Методолошка промена – Зголемена мотивација и академски перформанси на учениците.

·       Зголемување и подобрување на стекнатото знаење за дигиталните вештини  од страна на сите учесници во проектот (наставници, ученици и родители).


почетна страна

Comments

Popular posts from this blog