НАШАТА МАСКОТА Здраво на сите! Јас сум мало мече, се викам Теди. Децата многу ме сакаат бидејќи сум нивен верен пријател. Ги знам сите тајни, сите приказни и сведок сум на среќните и тажните моменти. Мечката симболизира моќ и сила. Таа може да импресионира, со својот раст и карактеристики и најчесто се гледа како заштитник. Ја брани својата територија, но знае и да биде тивка кога не е загрозена. Од жестоката мечка до плишаното животно, амбивалентната симболика на овој цицач се среќава низ целиот свет низ вековите. Сите ние имавме Мече како дете. Мечето со генерации е омилена играчка на најмалите. Сакаме да бидеме храбри и силни како мечка, но во исто време нежни и разбирливи како плишано мече, „мудар учител“ како поларна мечка и воедно добар пријател со сите. Поради овие причини, мечката стана маскота на нашиот проект. почетна страна
Comments
Post a Comment