Posts

 почетна страна
Image
  „Бизнис во моето училиште“ „БИЗНИС ВО МОЕТО УЧИЛИШТЕ“ е едукативен проект за основци, во кој учениците создаваат и раководат фирма во текот на учебната година. Тие се организираат да прават занаетчиски производи кои ги продаваат еднаш или повеќе пати годишно во училиште, на локален пазар или на саем. Дополнително, по повод секоја мобилност во училиштата во земјите учеснички, создадовме „ЕРАЗМУС ЕВРОПСКИ ПАЗАР“ во кој учениците имаа можност да ги продаваат производите произведени од сите ученици во проектот. Собраните пари од продажбата беа донирани на невладината организација УНИЦЕФ, со што се зајакна духот на солидарноста. Линк до активностите ФИРМА ВО МОЕТО УЧИЛИШТЕ   https://read.bookcreator.com/dFmu1twfprdfqm7ccfuhXj5A48l2/JhqWBm8OTcq1cFi4JQCWGw почетна страна
Image
  Литванија       од 9 до 13 мај 2022 - Прием во училиштето и посета на часовите. - Запознавање со  литванскиот образовен систем. - Средба со деца и демонстрација на различни образовни простори. - Набљудување на часови поврзани со компјутерско размислување и роботика. - Сесии за практично учење на темата на конференцијата организирани на повеќе часови како и практични сесии со дигитални алатки достапни на училиште. - Конференција: „Компјутерско размислување и роботика во градинка“ - презентација на наставното искуство на наставниците - Едукација и екскурзија околу замокот Биржаи. - Практична демонстрација преку различни курсеви поврзани со дигитални содржини објаснети во текот на неделата - Презентација на книги создадени од децата и нивните родители со користење на ИКТ. - Презентација на маскотите или ликовите на партнерските училишта.  - Презентација на Фејсбук страницата за дисеминација на проектот од Португалија. - Презентација на  двата Етвининг п...
  ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ   ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ:          Да ги развие кај учениците дигиталните вештини како и правилното користење на информатичките и комуникациските технологии во образованието (ИКТ).          Да им овозможи на децата да се стекнат со критички став кој ќе им овозможи да ги вреднуваат информациите кои циркулираат на мрежите.         Користење на ИКТ за базично учење.    Стекнување на основни норми за безбедно користење на ИКТ и социјалните мрежи.        Едукација на родителите за предностите и опасностите од екраните.          Да им овозможи на учениците со посебни образовни потреби да ги користат дигиталните алатки за да ги надминат потешкотиите во учењето.        Да го разбуди претприемачкиот дух за да се промовира тимско однесување и став преку проектот "Компанија во моето училиште".     Да ...
  РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ Нашето партнерство од ЕРАЗМУС + КА229 програмата се сосотои од 6 европски држави (Шпанија, Република Северна Македонија, Португалија, Бугарија, Полска и Литванија) поврзани во овој амбициозен проект чија главна цел е да ги развие кај учениците дигиталните вештини како и употребата на компјутерската технологија и комуникацијата   во учењето (ИКТ).   Во последните децении нашето општество претрпе многубројни промени кои бараат различни пристапи во надградувањето на идните граѓани. Училиштето треба да ги подготви своите ученици да се соочат со едно посложено општество и пазар на работа кој поставува многу поголеми барања, под влијание на   интернационалната конкуренција. Во рамките на европската референца (Европска Стратегија 2020) беше постигнат консензус кој се однесува на европскиот едукативен систем: нашите ученици на крајот од   нивното школување треба да се стекнат со основни познавања за да можат да се развиваат во едно динамично опште...
Image
  Оценувањето на проектот беше реализирано преку видео средба за ученицте и  прашалници за учениците и наставниците.  Наставниците одговараа  на почетокот, за време на проектот и на крајот од проектот на прашалници изготвени во GOOGLE FORM и покажаа задоволство од стекнатото знаење за користените апликации и програми за време на проектот.  Учениците  се здобија со корисни информации и совети како да се однесуваат на интернет и   како правилно да ги користат социјалните мрежи. почетна страна
Image
  Креирана беше страница на Фејсбук за да се промовира проектот. Информациите што ги содржи оваа страна се наменети  за да се споделат со сите партнери: родители, наставници, ученици итн. https://www.facebook.com/CompetenceNumerique почетна страна
Image
  „Тишина, се снима!“ е активност која ја спроведовме за ФЕСТИВАЛОТ НА КРАТКИ ФИЛМОВИ и ја реализираа учениците и родителите во третата година од проектот користејќи ги мобилните телефони на тема „Зачувување на животната средина“ и „Опасностите од Интернет“. Овој настан беше организиран од Шпанија за време на последната мобилност и по повод затворањето на проектот што се одржа во Каравака де ла Круз (Шпанија) неделата од 24 до 28 април 2023 година. Во театарот Thuillier во овој град беа прикажани осум кратки филмови, направени од ученици од училиштата кои учествуваат во проектот. Покрај тоа, шест танци од шест земји го анимираа фестивалот. Секое од училиштата доби награда за учество на фестивалот. линк до филмот снимен од нашите ученици: "Не одложувај, направи го тоа денес" https://www.facebook.com/watch/?v=605229754881008 линк до филмовите реализирани од шесте земји учеснички https://read.bookcreator.com/dFmu1twfprdfqm7ccfuhXj5A48l2/ZJRDl_KoSB-sfhVTKoP7aQ/PBcSOakxQwib-aqHui9...
РЕЗУЛТАТИ МАТЕРИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ: - Изработка на брошура за родители и ученици кои содржат стандарди и безбедносни совети при користење на ИКТ. за родители https://read.bookcreator.com/V3rSFjNdVCPoXzwqq62Fscq2Xr52/EJhhdhlaTNmUm8QmOwSB0Q/bR50lI94Skiek_xbIJBGsA   за ученици https://read.bookcreator.com/V3rSFjNdVCPoXzwqq62Fscq2Xr52/h-I9OWhrSXWcEpfxT9Bg5A - Создавање на датотека која содржи дигитални ресурси за работа на различни теми научени за време на траењето на проектот. https://padlet.com/1ciclo1/ressources-num-riques-aakacr3s7bzwjy8s - Изработка на датотека која содржи соодветни ресурси за работа со ученици со посебни  потреби. https://read.bookcreator.com/LV8NIMwGRqTDsem9NISghOALv2o2/aS4kvItRQwORzTiyJdJn0w/mqjjLMTIRUmPR3UVnAl_hQ - Креирање на датотека која содржи „Компјутерско размислување“ погодна за деца од градинка и основно училиште. - Креирање на портал на ресурси, информации и размени наменети за олеснување на наставата и учењето за наставниците, родит...
Image
Активности на учениците Модна ревија од рециклирани материјали Екологија во нашето училиште почетна страна  
  Во текот на проектот се одржаа неколку „ON LINE“ состаноци  меѓу учениците од шесте европски училишта кои учествуваат во проектот. Овие состаноци се одржуваат преку видеоконференции со користење на платформите GOOGLE MEET и ZOOM. Првите два состаноци се совпаднаа со најкритичниот период на пандемијата, бидејќи повеќето училишта од шесте земји учеснички беа затворени и учениците работеа онлајн од дома. Секоја од средбите имаше различна тема на која учениците имаа можност да разменат мислења. Дополнително, со одржувањето на овие состаноци придонесуваме за развој на дигитална компетентност, правилна употреба на ИКТ и развој на европската димензија. Сите активности спроведени пред и за време на секоја од видеоконференциите, како и темата на секоја од нив, се собрани во следните дигитални книги. https://read.bookcreator.com/LV8NIMwGRqTDsem9NISghOALv2o2/NZKrhafbTPaOeiQg8AhgbA https://read.bookcreator.com/LV8NIMwGRqTDsem9NISghOALv2o2/QAHKmkBuS3qtU3x0SYzsDA почетна страна
Image
  ПОРТУГАЛИЈА Од 25  до 29 октомври 2021 во Тореш Новаш Португалија се одржа првата мобилност од проектот. На оваа мобилност присуствуваа наставници од 6 земји партнери во проектот. Во текот на оваа недела на мобилност беа реализирани активности поврзани со дигиталните вештини и употреба на дигиталните алатки во наставата. Беа посетени часови со цел запознавање со образовниот систем на Португалија.  почетна страна
Image
Macédoine du Nord +KA 229 2020-2022   "Le développement de la compétance numérique et le bon usage des TICE  "Развој на дигиталните вештини и нивна соодветна употреба"  ООУ "Јосип Броз Тито" - Валандово   "Овој проект е финансиран од Европската Комисија. Оваа објава е одговорност на нејзиниот автор. Комисијата не е одговорна за употребата на објавените информации на овој сајт. " МОБИЛНОСТИ - октомври 2021 - Португалија - мај 2022 - Литванија - октомври 2022 - Бугарија - февруари 2023 - Северна Македонија - март 2023 - Полска - април 2023 - Шпанија почетна страна
Image
  НАШАТА МАСКОТА Здраво на сите! Јас сум мало мече, се викам Теди. Децата многу ме сакаат бидејќи сум нивен верен пријател. Ги знам сите тајни, сите приказни и сведок сум на среќните и тажните моменти. Мечката симболизира моќ и сила. Таа може да импресионира, со својот раст и карактеристики и најчесто  се гледа како заштитник. Ја брани својата територија, но знае и да биде тивка кога не е загрозена. Од жестоката мечка до плишаното животно, амбивалентната симболика на овој цицач се среќава низ целиот свет низ вековите. Сите ние имавме Мече како дете. Мечето со генерации е омилена играчка на најмалите. Сакаме да бидеме храбри и силни како мечка, но во исто време нежни и разбирливи како плишано мече, „мудар учител“ како поларна мечка и воедно добар пријател со сите. Поради овие причини, мечката стана маскота на нашиот проект. почетна страна
Image
  "Le développement de la compétance numérique et le bon usage des TICE" "Развој на дигиталните вештини и нивна соодветна употреба"  ООУ "Јосип Броз Тито" - Валандово "Овој проект е финансиран од Европската Комисија. Оваа објава е одговорност на нејзиниот автор. Комисијата не е одговорна за употребата на објавените информации на овој сајт. " Резиме и цели на проектот Нашето партнерство за  Erasmus+ KA229 се состои од 6 училишта од 6 европски држави (Шпанија, Северна Македонија, Португалија, Бугарија, Полска и Литванија) соединети во овој амбициозен проект чија главна цел е развој на дигиталните вештини кај учениците и добри практики за употреба на дигиталнита алатки во наставата. Во последните децении нашето општество претрпе многубројни промени кои бараат различни пристапи во надградувањето на идните граѓани. Училиштето треба да ги подготви своите ученици да се соочат со едно посложено општество и пазар на работа кој поставува многу поголеми бар...